КОИ СМЕ НИЕ?

СОЦИЈАЛНО ПРЕТПРИЈАТИЕ „КО-КРЕАТОРИ“ - КЛУБ ЗА ЕДУКАЦИЈА, МОТИВАЦИЈА И ЛИЧЕН РАЗВОЈ

“КО-КРЕАТОРИ” е основано во 2019 година од прекрасни тренери кои претходно работеа индивидуално, а и сè уште имаат свои лични брендови. Тие одлучија да се здружат за повлијателно да ги споделуваат своите заеднички вредности.

НАША МИСИЈА

Обезбедување услуги кои се состојат од програми за личен развој, меки вештини, ментално и емоционално здравје за поединци и компании (тимови), а со цел да се овозможи активно вклучување во општеството на деца на самохрани родители и жени жртви на семејно насилство.

НАША ВИЗИЈА

Најголема заедница на свесно фокусирани луѓе кои се посветени на личниот развој.

НАШИТЕ ОСНОВНИ ВРЕДНОСТИ - УСЛУГИ (ЛИЧНО И ПРЕКУ ИНТЕРНЕТ)

  • индивидуални средби
  • зајакнување на тимот (team-building)
  • групни курсеви (работилници)
  • едукативни / мотивациски настани

ЛИЧЕН РАЗВОЈ

Личниот развој е процес на подобрување на самиот себе преку свесни навики и активности.

Тренер за личен развој е личност која го води процесот на промени и помага да се постигнат специфични цели преку надминување на пречките за раст и развој.