услуги

Време е да ги започнеш твоите авантури

По што сме различни? Уникатност: Ние сме социјално претпријатие што создава систем на поддршка со цел активно вклучување во општеството на жени жртви на семејно насилство и деца на самохрани родители така што одвојуваме 10% од уплатата за испорачаните услуги и ја донираме на нашите партнери.

ШТО МОЖЕ ДА ДОБИЕТЕ ОД НАШИТЕ УСЛУГИ
  • NBITM профил за возрасни – преференции на размислување
  • Поголема јасност, фокус и стратешка насока
  • Развиени и зајакнати меки вештини
  • Подобрени односи, тимска работа, внатрешна и надворешна комуникација
  • Засилени нивоа на компетентност и доверба
  • Зголемена мотивација и посветеност
  • Применливи вештини за јавно говорење
  • Емоционална поддршка, емпатија и охрабрување
  • Поквалитетно лидерство и поуспешно планирање
  • Побрза акција за да ги постигнете своите цели
  • Поврзување со себеси и освестување
  • Свесно избирање одлуки и изговори
  • Подобрување на емоционалната интелигенција
СИСТЕМ НА ПОДДРШКА ЗА АКТИВНО ВКЛУЧУВАЊЕ ВО ОПШТЕСТВОТО

На партнерите со кои соработуваме им донираме 10% од уплатата за нашитe испорачани услуги. Целта на овие средства е партнерите да ги употребат за обезбедување бесплатни услуги за потребите на тие маргинализирани групи (жени жртви на семејно насилство и деца на самохрани родители). Наши партнери се: психотерапевти, граѓански организации, клубови за танци, спортски клубови, социјални претпријатија и листата е сè уште отворена.

ИНДИВИДУАЛНИ СРЕДБИ

Индивидуалните средби (лично и преку интернет) се состојат од директен разговор помеѓу клиентот и тренерот. Индивидуалното водење и/или тренирање ви нуди можност да работите со тренер за да се фокусирате на вашиот личен раст и развој. Ние нудиме ваков вид услуга затоа што е индивидуализирана, флексибилна, временски ефикасна и ефективна – повеќе од кој било друг вид.

Сите наши тренери се различно квалификувани и со различно искуство така што може да добиеш соодветен вид поддршка и знаење од суштинско значење за задоволување токму на твоите потреби и постигнување на целите. Овој вид услуга е за некој што сака да постигне поголеми достигнувања, задоволство во животот, личен и професионален раст и развој, а притоа да надмине некои пречки.

ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ТИМОТ (TEAM-BUILDING)

Активностите за зајакнување на тимот им помагаат на членовите значително да го зајакнат тимскиот дух. Овие активности всушност градат флексибилни и ефективни тимски играчи кои можат да се приклучат и да дадат целосен придонес тогаш и таму каде што на вашиот бизнис му се најпотребни. Ефективната тимска работа е суштинска за успехот на секој бизнис, па затоа важно е да се пронајдат најдобрите начини за развој и зајакнување на спектарот меки вештини.

Нашата уникатност е организрање активности за зајакнување на тимот кои се специјално прилагодени за вашиот тим и тоа: преку интернет, во живо надвор од канцелариите, внатре во вашите канцеларии или пак со комбинација која вие ќе ја одберете. Зајакнувањето на тимот може да ги поттикне вашите колеги да создадат нови и/или подобри деловни односи и да ги отстранат пречките со тоа што ќе ги ставиме во низа различни и за нив непознати сценарија. 

Најголемите придобивки од овој тренинг се чувствуваат кога поединците секојдневно го прилагодуваат својот фокус и однесување откако се враќаат во редовното работно опкружување. Секоја практична вежба од овој тренинг има разновидни мисловни, логички и лесни физички задачи кои се многу забавни, а воедно вклучуваат посериозна перспектива исполнувајќи широк спектар на интерактивни тимски барања. Секој може да се прилагоди за да ги исполни специфичните цели на вашиот тим, само да му се посочи вистинскиот начин за тимска насмевка! Дополнителна голема и уникатна вредност, прва и единствена во Македонија, е изработка на NBITM профилот за преференциите на размислување и како со алатките на овој инструмент може значително да ја зголемите ефективноста во комуникацијата и разбирањето на секој член од тимот (особено препорачливо е за лидери на тимови од сите нивоа).

ГРУПНИ КУРСЕВИ (РАБОТИЛНИЦИ)

Нашите групни курсеви се едукативни програми специјално дизајнирани да ги запознаат учесниците со практични вештини, техники и можности кои припаѓаат на личен развој и може да се применат и професионално и во секојдневието. Времетраењето на курсевите се одвива од најмалку еднодневна работилница до повеќедневна (во зависност од конкретниот курс и неговата практична примена).

Курсевите ги одржуваат нашите тренери поединечно, во нивна меѓусебна соработка или пак во соработка со надворешни соработници (докажани тренери), а секогаш право на учество имаат ограничен број лица. Овие наши курсеви се одлична можност за силно вмрежување притоа стекнувајќи нови вештини кои се неопходни како доквалификација на вашето знаење и искуство во областа во која сте стручни и/или работите.

Ние сакаме вие да се доквалификувате и да бидете извонредни, па затоа нудиме можност за различни курсеви како што се:  

– „Јасно и гласно!“ (лично и преку интернет);

– „Пронајди го потенцијалот во себеси!“ (лично и преку интернет);

– „Курс по јавен настап за носители на јавни функции“ (лично);

– „Одбери работа, а не работно место!“ (лично);

– „Женско-машка перспектива?“ (лично);

– „Женска енергија“ (лично и преку интернет);

– „Работилница за деца“ (лично и преку интернет);

– „Вебинар за родители” (преку интернет).

ЕДУКАТИВНИ / МОТИВАЦИСКИ НАСТАНИ

Дали сакате да бидете дел од различни мотивациски настани? Ние ги организираме со огромна флексибилност во форматот без разлика дали лично или преку интернет, но со една единствена цел – силно да ве мотивираат да се сеќавате на тие моменти до крајот на вашиот живот. Ако не верувате, најпрвин дојдете и почувствувајте го тоа на своја кожа!

Ние ќе ви дадеме највисоко ниво на мотивација директно допирајќи до вашето срце преку различни видови настани како што се: мотивациски говори одржани од нашиот мотивациски говорник, снимени видеа од настапите или пак директни вклучувања преку интернет во живо. Тука сме за вас и да ве подготвиме за држење на ваков вид говори на најдобар можен начин. Вие само изразете желба, а ние ќе продолжиме да (ви) бидеме среќни домаќини и соговорници на светски тренери, експерти и оратори.