нашиот тим

САЊА МАНЧЕВА

Тренер за личен развој и Советник за Neethling Brain Instruments (NBI™)

Сања работи со личности кои не се чувствуваат поврзано со себеси и им помага да станат свесни и фокусирани. Пред да стане ко-основач на „КО-КРЕАТОРИ“, Сања основаше сопствен бренд „Помрдни-Промени“, што беше сведоштво за нејзиниот личен раст и развој. Откако со години се чувствуваше празно, дозволувајќи им на луѓето да ги дефинираат нејзините цели, кариера и личен живот, таа се посвети на преиспитување на донесените одлуки и промена на фокусот кон вистината, интуицијата и подобрување, чекор по чекор. Од Сања може да научите: како да станете свесни за својата личност, да започнете да се сакате себеси и развиете самопочит, за потоа да направите промена на светот околу вас. Овој тренер ужива да ги води клиентите низ процес на откривање на своето срце, целите и соништата, да го постигне својот потенцијал и да го сака патувањето.

Програма „Креирај се себеси!“, „Тренинг за присуство“ и Советник за NBIтм и Менаџер за односи со јавноста во Coaching Support Group Skopje – A division of Noble Manhattan coaching ltd.

Сања е достапна за индивудално тренирање. Може да ја најдеш на социјалните медиуми или на: mancevas@gmail.com.

Нејзиниот личен бренд: „Помрдни-Промени“.

МИРОСЛАВ ДРАГАНОВ

Мотивациски говорник, тренер за самодоверба, комуникации и извонредност и Советник за Neethling Brain Instruments (NBI™)

Мирослав има долгогодишно работно искуство во различни работни средини. Тој повеќе од 16 години практично ги применува и надградува вештините за јавно говорење и воопшто сите меки вештини. Пред да стане ко-основач на „КО-КРЕАТОРИ“, Мирослав изгради свој македонски мотивациски бренд „Продолжи со насмевка“, со кој беше финалист за Наградата за социјално претприемништво во 2018 година. Автор е на многу популарната, автобиографска и мотивациска книга – „На своја кожа – Продолжи со насмевка”, како и на една збирка поезија. Победник е на натпреварот по јавен настап на Европскиот форум Alpbach во 2009 и ментор на победникот во 2014 година.

Мирослав е магистер по право, со положен правосуден испит и има македонско и меѓународно искуство. Тој бил: тренер на 200+ работилници, активен учесник на 200+ конференции и 50+ ТВ-шоуа и дебати. Како правен застапник водел во 100+ судски случаи и 3000+ професионални состаноци со клиенти / соработници. Има 7+ години искуство во управување со меѓународни проекти. Мирослав 10+ години бил на водечка позиција или значаен член во тимот на различни организации, како: препознатливо Адвокатско друштвобанкаинвестициски фондфакултет и две граѓански организации (1 и 2). Тој е член на меѓународните мрежи: Global Shapers Community – иницијатива на Светски економски форум, мрежата на Европскиот форум AlpbachLions International и мрежа за бизнис и човекови права. Мирослав се јавува во улога на оратор-домаќин на Coaching Support Group Skopje – A division of Noble Manhattan coaching ltd, како и модератор и говорник на многу (меѓународни) веб-конференции.

Мирослав може да го најдете на социјалните медиуми или на: prodolziosonasmevka@gmail.com.

Неговиот мотивациски бренд „Продолжи со насмевка“.

ДРАГАНА КРАЉЕВСКА

Педагог и тренер за односот родители-деца

Драгана е педагог, тренер за личен развој и ко-основач на „КО-КРЕАТОРИ“, каде што ужива водејќи педагошки сесии и coaching работилници. Драгана има работено како наставник во основно училиште и педагог. Инспирирана од детската енергија, таа неуморно создава совршен свет за нив. Силата на афирмациите е потенцирана во нејзината книга „Афирмации за деца“ – Техники за создавање личен развој и позитивно родителство. Водејќи ве низ процесот, може да очекувате нејзина целосна посветеност, топлина и љубов, но и реалистичност и сила.

За сесии преку интернет може да контактирате со Драгана на социјалните медиуми или на kraljevskadragana@gmail.com.

Неjзиниот бренд „Афирмации за деца“.

БИЛЈАНА СТОЈАНОСКА

Тренер за личен развој

Билјана е тренер за личен развој и ко-основач на „КО- КРЕАТОРИ“. Оставајќи ја нејзината зона на удобност, таа ги надмина своите граници обврзувајќи се да ги усогласи своето тело, ум и душа. Преку постојано подобрување, поставување јасни цели, водени од интуиција, таа ја научи пораката на животот – „Љубовта  трансформира“. Со постојано практикување на креативни методи за визуелизација и самоиспитување, овој тренер се обидува да го одржи секој мускул на себе, и тоа и на телото и на умот. Нејзината страст е постигнување внатрешна усогласеност и во рамките на надворешниот свет.

Ако сметате дека веќе сте во процес на полетување, но сепак имате потреба од зајакнување и преиспитано размислување, Билјана може да ве води сè додека не постигнете состојба на разбудена пеперутка. Контактирајте ја на: biljana.sk93@gmail.com.

Нејзиниот бренд е „Разбудена пеперутка“.